Меѓународниот академски институт оганизира семинар “Односи со јавност (PR) во државниот сектор”

Меѓународниот академски институт  (МАИ) Ви нуди еднодневен семинар за вработени во државниот сектор на тема:

“Односи со јавност (PR) во државниот сектор”

Целна група: Раководители на служби за човечки ресурси, шефови на кабинети, асистенти на менаџери, деловни секретари, секретари, административни работници и слични профили.
Цели на семинарот: Унапредување на вештините за односи со јавност во државните институции (јавни институции и единици на локалната самоуправа) на Република Македонија. Тоа значи оптимизирање на условите за работа и подобрување на продуктивноста, но и имиџот на јавниот сектор.

Предавачи на семинарот: универзитетски професори, истакнати експерти од практиката.

Начин на реализација на обуката: Обуката ќе биде структуирана на начин што ќе понуди теоретска опсервација на проблемите и интерактивен дел – вежби, со користење Power Point презентација. Учесниците ќе добијат печатен материјал од содржините на обуката, како и копии од слајдовите на презентацијата (handouts) и подготвени работни листови за вежби.

Котизација за обуката: 5.500,00 денари (по издадена фактура) на сметка на Меѓународниот академски институт. Котизацијата вклучува: сертификат за учество за секој учесник, кафе пауза и ручек. Пријавувањето се врши на следната e-mail адреса: contact@ia-institute.com или на телефонскиот број: 071/ 247-978 (лице за контакт Мартина Глигорова). Краен рок за пријавување: 10.10.2018.

За секоја дополнителна информација Ви стоиме на располагање.
Со почит,

Меѓународен академски институт

Top