Меѓународниот академски институт организира обука за вработени во јавниот сектор

Меѓународниот академски институт  (МАИ) Ви нуди обука за вработени во јавниот сектор.

 

Стратешкото планирање во јавниoт сектор во Република Македонија

Колку еден вработен во јавниот сектор е дел од плановите на својата институција? Како и на кој начин ги изразува своите потреби и потребите на своето работно место?

Стратешкото планирање е аргументиран, проверен, аналитичен и временски поставен „to do” лист на една институција. Стратешкото планирање не е работа само на одделението за стратешко планирање. Предизвик е да се подобриме во иднина и да го знаеме начинот, методите и техниките за поуспешна иднина на институцијата во која работаме.

Нашата обука ќе Ви помогне во одговорот на следниве прашања:

·                     Дали јас сум дел од  плановите на мојата организација?!

·                     Како да направам разлика помеѓу “квалификација” и “способност” кај вработениот во процесот на планирање!!!

·                     Како се прави план и стратегија во една организација како и сензитивизирање на вработените по ова прашање;

·                     Како се евалуира успешноста на еден план;

Ова се само дел од прашањата кои низ дебатно – едукативна форма ќе бидат актуелизирани на оваа работилница/обука;

Инвестирајте во себе, активно вклучете се во плановите. Тоа е Ваше право, услов за кариера и обврска!

Запознајте се со европските стандарди за професионална, ефикасна и продуктивна администрација!

Бидете подготвени за секаков тип на промени!

 

 

Предавачи на семинарот: универзитетски професори, истакнати експерти од практиката.

Начин на реализација на обуката: Обуката ќе биде структуирана на начин што ќе понуди теоретска опсервација на проблемите и интерактивен дел – вежби, со користење Power Point презентација. Учесниците ќе добијат печатен материјал од содржините на обуката, како и копии од слајдовите на презентацијата (handouts) и подготвени работни листови за вежби.

Котизација за обуката: 3.900,00 денари (за една обука, по издадена фактура) на сметка на Меѓународниот академски институт.

Котизацијата вклучува:

1. сертификат за учество за секој учесник;

2. кафе пауза;

3. ручек.

 

СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ: доколку од една институција се пријават повеќе од двајца котизацијата ќе изнесува 2900.00 денари од котизација.

Пријавете се на:

·         contact@ia-institute.com

·         071/ 247-978 Мартина Глигорова.

Краен рок за пријавување: 28.02.2019.

За секоја дополнителна информација Ви стоиме на располагање.

 

Top