Обуки 15-16 април 2019 во Јавна Соба, Скопје

Меѓународниот академски институт  (МАИ) Ви нуди обуки кои ќе се одржат на 15-16 април 2019

Јавна соба, Скопје

 

  1. ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА СТРАТЕГИСКИ КОМУНИКАЦИИ ВО ЈАВНИОТ И БИЗНИС СЕКТОРОТ (15 АПРИЛ 2019)

Европските стандарди наложуваат оптимални морални услови за работа. Оваа комуникација треба да започне уште при интервјуирање на пријавените кандидати за одредено работно место. Исклучителен однос заснован на отвореност и професионалност се темели на добро искреирана комуникација. Во ЕУ институциите се транспарентни, социјално одговорни и максимално респонзивни. Како да го постигнеме тоа?

Обуката ќе ги опфати  техниките за постигнување на здрава и продуктивна работна средина и тоа: техники за хоризонтално комуникацирање, техники за вертикална комуникација, воспоставување на куќен ред (работно време, односи помеѓу вработените, воспоставени ритуали: заедничко кафе, родендени и сл.), дистрибуција на редовни информации (статусот на работно место, платата, наградите, одморите и сл. отказ, пензионирање), ориентациони состаноци со цел сензитивизирање за комуникациска култура на организацијата (нејзиниот профил, култура, традиција), техники за комуникација со јавноста.

  1. АПЛИЦИРАЊЕ И ПИШУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ (16 АПРИЛ 2019)

Институцијата во која работиме може да биде корисник на бројни бенефити од претпристапната програма Европската Унија. Низа можности не се искористени поради фактот на неподготвеност и на нашите кадри за пишување и менаџирање на европски проекти. Обучи се да пишуваш европски проекти. Информирај се за стандардите во менаџирањето на европските проекти. Дознај кои се критериумите за евалуација на добро подготвена апликација.

Ова се само дел од прашањата кои низ дебатно – едукативна форма ќе бидатактуелизирани на оваа работилница/обука;

Бидете подготвени за сите промени со кои наскоро ќе се соочиме. Инвестирајте во себе, подобрете ги своите комуникациски вештини и соочете се со новите предизвици кои ќе произлезат од евроинтеграциите.

Тоа е Ваше право, услов за кариера и обврска!

Предавачи на семинарот: универзитетски професори, истакнати експерти од практиката.

Начин на реализација на обуката: Обуката ќе биде структуирана на начин што ќе понуди теоретска опсервација на проблемите и интерактивен дел – вежби, со користење Power Point презентација. Учесниците ќе добијат печатен материјал од содржините на обуката, како и копии од слајдовите на презентацијата (handouts) и подготвени работни листови за вежби.

Котизација за обуките: 6000,00 денари ( за двете обуки по издадена фактура) на сметка на Меѓународниот академски институт.

 СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ: Доколку се пријавите за само една обука цената изнесува 3900,00 денари и за секој второпријавен и третопријавен кандидат од иста институција цената на котизацијата изнесува 2900,00 денари.

АГЕНДА

Програма за обуките

Прв ден: ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА СТРАТЕГИСКИ КОМУНИКАЦИИ ЈАВНИОТ И БИЗНИС СЕКТОРОТ

Прва сесија:

10.00 – 11.30

  • Стратегиска комуникација: европски стандарди;
  • Оптимални услови за работа: креирана комуникација;
  • Видливост/отвореност/транспарентност;

11.30-12.00 часот Кафе Пауза

Втора сесија

12.00 – 13. 30

  • Внатрешни комуникации: правни и етички аспекти;
  • Надворешни комуникации: правни и етички аспекти;
  • Структурирање на јавност/јавно мислење;

Трета сесија

13.45  – 15.15

  • Елементи на комуникација;
  • Комуникациски вештини;
  • Сензитивизирање за комуникациска култура на организацијата;

15.15 часот Церемонија на доделување на сертификатите

           15.30 Ручек

Втор ден: АПЛИЦИРАЊЕ И ПИШУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ

Прва сесија:

10.00h – 11.30

  • Европски проекти;
  • Менаџирање/аплицирање;
  • Апликација;

11.30-12.00 часот Кафе Пауза

Втора сесија

12.00 h – 13.30

  • Цели;
  • Активности;
  • Резултати;
  • Логичка рамка;

Трета сесија

13.45h – 15.15

  • Буџет;
  • Евалуација;
  • CV на институција;

15.15 часот Церемонија на доделување на сертификатите

15.30 Ручек

За секоја дополнителна информација Ви стоиме на располагање.

Пријавување до 10 април 2019 година на contact@ia-institute.com

Контакт лица  Милена Апостоловска Степаноска 071-222 950

Христина Рунчева Тасев 071 211 385

Со почит

Меѓународен академски институт

 

Top