Позитивните практики во Кризниот PR во корпоративниот и јавниот сектор- 28 март 2019 г. во Јавна соба (Public Room) во Скопје

Комуникацискиот менаџмент во услови на криза во една организација е од особено значење за успешноста на таа организација. Организациите во нашата земја и во корпоративниот и во јавниот сектор не се доволно сензитивизирани по ова прашање, а одговорните за ова прашање не поседуваат специфични вештини и знаења за справување со комуникација во услови на криза.

Што е криза во организацијата? Во позитивните практики на PR от кризата се толкува пошироко. Таа не е само земјотрес и пожар, туку постои криза на имиџ, криза на добриот углед, недобрите односи во колективот исто така е криза, финансиска криза и други видови на непријатности кои можат да го нарушат добриот глас за една организација. 

Информирајте се за овој проблем. За начините на комуникациско справување со кризата, со гласините. Како се комуницира кога имаме проблем, како се користат медиумите. Кој е одговорен за овој проблем во нашата организација.

 

Ова се само дел од прашањата кои низ дебатно – едукативна форма ќе бидат актуелизирани на оваа работилница/обука;

Инвестирајте во себе, подобрете ги своите комуникациски вештини. Тоа е Ваше право, услов за кариера и обврска!

Предавачи на семинарот: универзитетски професори, истакнати експерти од практиката.

Начин на реализација на обуката: Обуката ќе биде структуирана на начин што ќе понуди теоретска опсервација на проблемите и интерактивен дел – вежби, со користење Power Point презентација. Учесниците ќе добијат печатен материјал од содржините на обуката, како и копии од слајдовите на презентацијата (handouts) и подготвени работни листови за вежби.

Котизација за обуката: 3.900,00 денари (за една обука, по издадена фактура) на сметка на Меѓународниот академски институт.

Котизацијата вклучува:

1. сертификат за учество за секој учесник;

2. кафе пауза;

3. ручек.

 

СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ: доколку од една институција се пријават повеќе од двајца котизацијата ќе изнесува 2900.00 денари од котизација.

Пријавете се на:

·         contact@ia-institute.com

·         071/ 247-978 Мартина Глигорова.

Краен рок за пријавување: 27.03.2019.

За секоја дополнителна информација Ви стоиме на располагање.

 

Со почит,

Меѓународен академски институт

Top